Допрва ботови ќе пишуваат портали

Неколку минути откако Епл го објави извештајот за рекордната квартална заработувачка (18 милијарди заработувачка од 74,6 милијарди во приходи), Асошиејтед прес го објави текстот "Епл ги надмина предвидувањата на Вол Стрит за првиот квартал," текст комплетно напишан од автоматизиран систем, без никаков допир на човек.

АП го имплементира овој систем пред шест месеци и сега истиот пишува по 3.000 стории во квартал. Минатото лето АП во партнерство со Аутомејтед Инсајтс започнува со работа на автоматско објавување на извештаите за кварталната заработувачка на компаниите, "кварталните извештаи се неопходни во бизнис вестите, меѓутоа истовремено се монотони и стресни, а притоа бараат комбинација на прецизност и брзина."

Портпаролот на Аутомејтед Инсајтс, објаснува дека нивната платформа Вордсмит генерира милиони статии неделно, а меѓу другите партнери се ОлСтејт, Комкаст и Јаху, со кои соработува во извештаите за фантази фудбал. Негова процена е дека системот на компанијата може да произведува до 2.000 статии во секунда.

Соработката со АП почнува во јули, кога статиите се објавуваат со надзор на луѓе, а грешките се запишуваат и испраќаат назад до АИ, а комплетното автоматизирање започнало во октомври кога сториите се објавувале без човечка интервенција. Моментално автоматизираниот систем регистрира помалку грешки отколку човечки пишуваните статии на овие теми од пред неколку години.

Пред воведување на програмата АП ги покриваше извештаите за 300 компании, сега системот покрива 3.000 вакви компании.

30 јануари 2015 - 09:45