Околу сторијата за 16-годишникот што ќе живее со порно ѕвезда

Приказната е дека тинејџерот, инаку гејмер, добил награда да пројде еден месец во хотелска соба со руска порно ѕвезда. Дечкото има 16 години, а наградата ја добил по основа на тоа дека играл Каунтер Страјк. И ништо од ова не ви беше сомнително?

Руслан Шчедрин, како играч на Каунтер Страјк (народски Кантер), бил 100-илјадитиот посетител на сајтот Cases4Real кој продава виртуелно оружје за Counter-Strike: Global Offensive. За ова од сајтот го добива цимерувањето со Екатерина Макарова.

Приказната продолжува дека на патот на среќата на Руслан застанува неговата мајка, која за медиумите изјавува: "апсолутно сум против ова, има тестови и треба да учи". Во исто време медиумите ја пренесуваат и изјавата на Макарова дека ако Руслан во овие месец дена покаже иницијатива за секс, таа ќе размисли околу тоа.

Веста одлично им легнува на англиските медиуми и веднаш е преземена од дузина треш сајтови, само тие имаат дилема дали Руслан е 14 или 16 години.

Дури откако веста добива на сила, во приказната се вклучува рускиот експерт за вирален маркетинг Андреј Коњаев, кој прво објаснува дека веста е лажна, па надополнува со линк од биографијата на Шчедрин, кој е заведен како детски актер во неколку руски верзии на ИМДБ.

Рускиот сајт TJournal објави список на сè што им е спорно околу веста:

- Не може да го потврдат идентитетот на мајката на Шчедрин која зборуваше пред телевизија.
- Не може да го потврдат идентитетот и на сестрата, за која исто така се верува дека е актерка.
- Единствен потврден лик им е Макарова, која има снимано порно под неколку имиња.

За крај тие зборуваат со Дмитри Беседа, човекот што го организира натпреварот. Тој не им признава дека целата работа е измама, само го опишува како "забавен натпревар."

Во средата, истиот медиум што разговараше со мајката на Руслан, имаше интервју и со татко му, каде тој пожртвувано се понуди да мине еден месец во хотел со порно ѕвездата наместо син му. Во истото интервју, Шчедрин стари стави крај на сите идни муабети околу темата: "Ова е семеен проблем, и ние некако ќе се справиме со ова."

Според TJournal дури да е вистински натпреварот, сајтот што го организира најверојатно е го има прекршено законот со награднава игра. Руските закони предвидуваат дека секој организатор на наградна игра мора на јасен и разбирлив начин да ги објави правилата на натпреварот. Плус на ова е што никаде не е спомнато ни како ќе биде организиран заедничкиот живот на тинејџерот со порно ѕвездата.

27 февруари 2016 - 12:21