Медиумската генијалност на Сноуден

Анализирајќи од денешен аспект, целиот план на Сноуден за објавување на тајните на НСА изгледа како детално разработена кореографија која треба да предизвика што е можно повеќе штета на надзорниот апарат на САД.

Човекот во оделото е новинарот на Гардијан

Глен Гринвалд, новинарот на Гардијан и главниот соработник на Сноуден при објавувањето на тајните, во својата книга околу настанот No Place To Hide, објаснува дека Сноуден ги предвидел сите потези на медиумите и сметал на нив како дел од неговиот план.

Соработката меѓу Сноуден и Гринвалд започнува со меил, кој поранешниот вработен на НСА го пишува под псевдонимот ‟Cincinnatus." Во мејлот тој го поттикнува Гринвалд да почне да користи меил енкрипција. "Има луѓе кои би сакале да те контактираат, ама не можат да го направат тоа затоа што нивните пораки можат да бидат прочитани при преносот," пишал Сноуден, потоа нудејќи му детално упатство на Гринвалд како да го енкриптира мејлот.

Гринвалд го игнорира мејлот, а три дена подоцна Сноуден повторно се обидува, овој пат нудејќи уште поолеснета варијанта на упатствата (за генерално сложената постапка) за енкриптирање на мејлот. Гринвалд му одговара дека ќе најде некој да му помогне да го направи ова, меѓутоа никогаш не се потрудил околу целата работа.

Сноуден ја менува тактиката и ја контактира Лаура Поитрас, режисерка на документарци, на која и ветува дека ќе и ги открие тајните на НСА, ама само ако со себе таа го земе и Гринвалд. Дури тогаш Гринвалд им пристапува на обезбедените канали кои преку кои Сноуден е подготвен да комуницира.

Причината зошто Сноуден е толку запнат да работи со Гринвалд, е затоа што верува дека тој ќе може да ѝ ја даде на приказната силата и вниманието кои ѝ се потребни.

"Уште во првиот онлајн разговор со Сноуден, тој ми рече дека имал само еден страв околу излегувањето во јавност: дека неговите откритија може да бидат дочекани со апатија и незаинтересираност, што би значело дека тој за џабе си го растурил животот и ризикувал да биде затворен," пишува Гринвалд во книгата.

Сноуден не сакал неговите откритија да се изгубат во 24-часовниот циклус на вести, и после еден ден гнев целиот свет да заборави за целата работа. Тој верувал дека ако го дава животот за нешто, дека тоа треба да биде сериозен удар на целата машинерија.

Поранешниот вработен на НСА е свесен дека поддржувачите на НСА ќе се обидат да ја направат целата приказна околу него, па затоа тој го планира своето исчезнување веднаш откако ќе ги објави документите. Така медиумите ќе можат да се фокусираат на содржината на документите, наместо на приказната за тоа кој е Сноуден.

Тој правилно предвидува и дека неговите критичари ќе се обидат да го претстават како лудак, или дека ова го прави од одмазда кон поранешниот работодавев, или заради лични причини. За да го спречи ова, Сноуден инсистира во времето на објавување на документите да има интервју само со етаблиран новинар. Ова интервју ќе му даде кредибилитет кој му е неопходен за пред јавноста да се покаже како нормален лик, и поранешен јавен службеник кој се одлучил на овој потег заради неправдите во системот.

По ова тој би исчезнал, оставајќи го новинарот кој го направил интервјуто како ново лице кое се поврзува со објавувањето на тајните документи.

На него му е сериозно важно информацијата ќе ја објави Гардијан, кој не е американски медиум. Самиот Гринвалд пишува како "патриотизмот на американскиот печат" создава околина во домашните медиуми во која новинарите повеќе се расположени да работат со владата, отколку што е тоа случајот со странскиот печат.

10 јуни 2014 - 11:00