Бетмен е геј, ама има и други

Ако го тргнеме на страна спасувањето на светот, зборуваме за богаташ кој живее во својата таинствена вила на периферијата од градот, со својот батлер и едно младо момче.

"Гејот е вграден во Бетмен. Не го користам поимот геј во погрдна смисла, но Бетмен е многу, многу геј. Нема што тука да негираме," изјавил во интервјуто за Плејбој, еден од најпознатите автори на Бетмен, Грант Морисон.

Морисон до сега има пишувано за повеќе стрип јунаци, меѓу кои и Фантастик фор, Новите ИксМен, ОлСтар Супермен и Лига на правдата.

"Очигледно, како измислен лик тој е смислен како хетеросексуалец, но основата на целиот концепт е крајно геј. Мислам дека токму затоа тој им се допаѓа на луѓето. Жените во неговите филмови го сакаат и сите носат некакви фетиш облеки додека скокаат по кровови и го бркаат. На него не му е гајле, тој е позаинтересиран да се дружи со старецот и со детето," разјаснува Морисон.

Тој и претходно алудираше дека Бетмен е геј, во неговата приказна од 1986-та "Arkham Asylum," во која суперхеројот оди во лудницата за да разговара со Џокер. На излегување, вториов го фаќа Бетмен за газ, и го прашува: "Како е чудото од дете? Почна ли да се бричи?"

За хомо-еротската природа на стриповите се расправа веќе 60-на години. Во 50-те години од минатиот век психијатарот Фредерк Вертхам, забележа дека овие ликови "не само што летаат наоколу во тесна облека која ги истакнува нивните мускули, туку живеат и во необјаснета чудна врска со младите 'помошници.'"

Тој во својата книга "The Seduction of the Innocent," дополнително ги критикуваше стриповите за претераното насилство и "за поткинување на хетеросексуална мастурбација" (според него во ласото на Вондер Воман, имало симбол на вагина).

Слични забелешки имаше и за ликовите во Вочмен на Алан Мур, во кој според многумина имало скриена хомосексуалност.

7 мај 2012 - 10:34