Mлади мајки веќе никогаш нема да треба да плаќаат данок во Унгарија

Секоја жителка на Унгарија што ќе роди дете пред 30-годишна возраст до крај на животот нема да треба да плаќа данок на приход, гласи една од мерките на унгарската влада за зголемување на наталитетот во земјата.

Новиот закон на владата на Орбан почнува со важење од 1-ви јануари годинава, и е изгласан заради проблемите со наталитет и работна сила во земјата. Меѓу другото, во првиот квартал на 2022 Унгарија имаше 87.000 работни места за кои немаше работници да ги пополнат.

Стапката на новороденчиња во Унгарија е падната од 2,4 породувања по жена во 1975, на 1,6 породувања по жена во 2020, со што е далеку под границата од 2,1 породување неопходно за одржување на растот на популацијата без зголемување на бројот на имигранти во земјата.

Претходно унгарската влада го укина данокот на приход за сите вработени до 25-годишна возраст со надеж дека младите порано ќе почнат со вработување и да ги пополнат празните работни места, и целосно го укина данокот на приход за мајки со најмалку четири деца.