100 години без геј парада

Затоа што веројатно не планира во скоро време да го промени мислењето, судот во Москва забрани одржување на геј парада во идните 100 години.

Второстепениот суд во руската престолнина забрани организирање Прајд парада во градот од март 2012. до мај 2112.

Одлуката на судот следува откако геј активистите поднесоа барање до канцеларијата на московскиот градоначалник за одржување на 102 Прајд паради. Следен чекор е да се жалат до највисокиот суд во Москва, а ако и таму не успеат одат во Европскиот суд за човекови права.

"Не ни очекувавме дека ќе ја добиеме лиценцата за парадата, но тоа ни е само оправдание да можеме да се обратиме на Европскиот суд за човекови права. Секој пат не одбиваат, но Стразбур им ги прогласува пресудите за незаконски," објаснува Николај Алексејев, еден од лидерите на руската ЛГБТ заедница.

8 јуни 2012 - 09:19