Сè помал дел од жетвите оди за хранење

Само еден процент од пченката која се одгледува во САД е иод оној тип што луѓето ја јадат. До 2030 година, до кога светот си даде задача да го искорени гладот, на планетава ќе се создаваат доволно калории потребни за тоа. Само што нема да одат кај гладните.

Зголемената конкуренција доведува до тоа сè поголем дел од важните прехрамбени култури да одат во други намени а не во директно хранење на луѓето.

Во новообјавена студија, се проценува дека во 2030 година, само 29% од глобалните жетви на 10 главни култури ќе се конзумираат како храна. Во 60-тите години, процентот бил повеќе од половина.

Уште 16% од жетвите на овие култури во 2030 година ќе се користат како добиточна храна, заедно со значителни делови од земјоделските култури кои ќе одат на преработка.

Поради овој тренд, светот веројатно нема да го постигне приоритетот за одржлив развој: ставање крај на гладот ​​до 2030 година.

На пример, само околу 1% од пченката што се одгледува во САД е слатка пченка, оној тип што луѓето ја јадат свежа, замрзната или конзервирана. Остатокот е претежно пченка која се користи за производство на биогорива, добиточна храна и прехранбени адитиви.

Парадоксално е што поседите кои се одгледуваат за овие намени произведуваат повеќе калории по единица земја од оние наменети за директна употреба на храна. И тој јаз се зголемува. Во студијата пресметале дека културите за индустриска употреба веќе даваат двојно повеќе калории од оние собрани за директна потрошувачка на храна, а нивниот принос се зголемува 2,5 пати побрзо.

До 2030 година, светот ќе жнее доволно калории за да ја нахрани проектираната популација - но тие нема да бидат храна за луѓе. Дури 48 земји нема да произведуваат доволно калории во рамките на своите граници за да го прехранат своето население. Повеќето од овие земји се во субсахарска Африка, но тука се и азиски нации како Авганистан и Пакистан или карипски земји како Хаити.

30 мај 2022 - 13:16