Пепси што тера на слабеење

Ако до сега имавте дебата дали некоја диетална кола функционира или не, сега ќе имате уште една тема - кола што го блокира дебелеењето.

Пепси Јапонија почна со производство на нова верзија на својот пијалак, крстена "Pepsi Special," во која меѓу останатите состојки има и декстрин.

Тајната на оваа состојка е што таа (според производителот) ги намалува нивоата на маснотии во телото. Декстринот ја апсорбира водата додека се движи низ цревата, што има позитивно влијание на утробата и доведува до нејзино собирање.

Целиот производ се базира на едно истражување од 2006-та на јапонскиот Национален институт за здравје и исхрана. Истражувањето е спроведено на глувци.

Една напомена што треба да се направи за Пепси и другите производители кога е во прашање Јапонија, е дека тамошните потрошувачи бараат прилично непотребни комбинации на пијалаци. Па до сега компанијата на пазарот има Пепси со јагода и млеко, Пепси со солена лубеница и Пепси со јогурт.

13 ноември 2012 - 08:43