Патлиџанот е христијански

Муслиманска група под име "Народна египетска муслиманска асоцијација" ги предупреди муслиманите дека не треба да јадат домати заради тоа што зеленчукот е "христијанска храна."

Целото тврдење на групата се базира на фактот дека пресекот на домат (по ширина) потсетува на крст. Заедно со сликата објавена на нивната Фејсбук страна, тие ја имаат и следната порака:

"Јадењето домати е забрането бидејќи тие се христијански. Доматот го велича крстот наместо Алах."

Пораката веднаш предизвикала гнев меѓу египетските корисници на Фејсбук, по што групата морала да ретерира, па дополнително го објаснила своето предупредување дека не им вели на луѓето да престанат да јадат домати, туку само да не ги сечат на начин кој го открива крстот.

2 септември 2013 - 16:59