На бебињата ќе им кратат од оловото

Американската агенција за храна и лекови предлага нова регулатива со која драстично ќе се намали дозволената количина олово во бебешката храна. Кое се најало, се најало.

Според новите нацрт упатства на Агенцијата, дозволената количина дозволено олово во бебешката храна ќе се намали дури за 27%.

Регулативата се однесува за пакуваната храна, онаа која доаѓа во тегли, кутии, туби и слично а е наменета за бебиња до 2 годишна возраст.

Според новите правила, концентрацијата на олово во овошните, зеленчуковите и млечните производи ќе биде ограничена на 10 делови во една милијарда, додека сувите житарки и производи од една суровина (пире, на пример) ќе можат да имаат 20 делови во милијарда.

Изложеноста на високи нивоа на олово може да доведе до мозочни оштетувања, проблеми во учењето и однесувањето, намален IQ.... Поради способноста на оловото да се кумулира во организмот, опасни се дури и малите концентрации, доколку се работи за подолг период на изложеност.

25 јануари 2023 - 11:19