Јадете скуша дур е евтина

Скушата и другите видови сина риба долго време важеа за „храна за работничката класа“ поради достапноста и ниските цени, но сега ѝ се подготвува етикета која сигурно ќе ја поскапи: еколози од запад проценија дека нејзиното консумирање веќе не било одржливо. 

Популацијата на скуша се намалува поради прекумерниот риболов и таа риба повеќе не е одржлив избор на храна, соопшти британското друштвото за зачувување на морето во својот нов водич за одржлива морска храна во Велика Британија.

Скушата од североисточниот дел на Атлантикот долго време се препорачуваше како еколошки избор за потрошувачите но сега се инсистира на поголема регулација на тоа колку и како се лови. 

Друштвото годинава креирало еко-рејтинг на 186 видови морска храна, при што во новиот водич, 20 видови се префрлени на листата „риби што треба да се избегнуваат“.

Во октомври 2021 година, главните риболовни држави во Европа се согласија дека вкупниот улов на скуша не треба да ги надминува препораките од науката, односно 794.920 тони годишно. Но, не се договрија и како треба да се подели уловот.

Нивниот комбиниран улов лани ги надминал научните препораки за 42%.

**********

Тоа го вика западот. Додека сме на темава, да видиме што има на исток. Дуќанот се вика „Сокак Лезети“ (треба превод?) и се наоѓа во Истанбул. Еве и ГПС локација. Молим лепо, не треба тешеќур :)

 

 

5 април 2023 - 13:26