ГМО е ново само за тие што мислат дека ГМО е ново

За време на една конвенција Нил ДеГрас Тајсон добива прашање на тема генетски модификувана храна. Затоа што одговорот не му е за собирање лајкови на Фејсбук, прилично јасно ја објаснува целата работа.

Стравот околу ГМО-то (иако некогаш маскиран во форма на анти-корпоративна правда) се базира на истите шаблони на недоверба кон научниците и науката како и се останато почнувајќи од вселената, до вакцините. Ставот на ГМО скептиците, Тајсон го објаснува на следниот начин:

"Ова функционира врз основа на факторот на страв кој постои во секоја нова, и надоаѓачка наука, кога луѓето недоволно го разбираат тоа... и затоа го отфрлаат истото."

Понатаму, објаснува дека веќе со генерации ние јадеме само ГМО храна:

4 август 2014 - 16:24