Психологијата зад принцезите со големи очи

Ако Ариел (Малата сирена) имаше очи со нормална големина публиката немаше ни приближно да биде одушевена од неа, и наместо тоа многу повеќе внимание ќе посветеше на нејзината опашка.

Формулата зад создавањето на принцезите е: големи очи, мала брада и мал нос, што прави тие повеќе да изгледаат како бебиња, што пак создава впечаток на невиност и ранливост. Веќе има научни докази дека возрасните луѓе кои имаат такви карактеристики на лицето, се сметаат за помалку паметни и помалку е веројатно да бидат обвинети за некаков криминал.

Во книгата "Ѕвончица и злите кралици," Шон Грифин ја објаснува трансформацијата на ликовите на Дизни и како таа е поврзана со бркањето успех на кино-благајните.

Една од првите хероини на Дизни е Алиса од 1920-та, која постојано запаѓа во неволји и предизвикува проблеми со властите. Во 1924-та во Alice Gets in Dutch таа сонува за расправија со нејзиниот строг учител, во 1925-та во Alice the Jail Bird, таа оди во затвор заради крадење пита и учествува во затворски бунт.

Во 30-те години од минатиот век, се носи Кодексот за продукција, кој ги тера студијата да намалат со глупостите во цртаните и да промовираат подоблесни вредности. Дизни стануваат повеќе од подготвени да ги спроведат овие правила и барања, а новинарите почнуваат да ја промовираат компанијата како доверлив извор на семејна забава.

Волт Дизни се обидува преку својата работа да ги засили традиционалните вредности (Снежана и седумте џуџиња, Пинокио, Бамби) и ги прави женските ликови потрадиционални во нивниот изглед и однесување.

Иако во 40-те и 50-те години студиото експериментира и со порадикален материјал со секс и насилство, она што му носи постојан успех се семејните филмови со нежни хероини, како Пепелашка и Заспаната убавица. До неговата смрт Дизни ја зацврстува репутацијата на "најголемиот педагог."

И во ново време Дизни, а сега веќе и Пиксар, се фокусираат на морално не проблематични бајки, чие дејствие ја нагласува женската убавина како позитивна карактеристика. Една студија од 2003-та открива дека бајките кои промовираат женска убавина се најчесто прераскажувани, заради што и успеале да преживеат до денес.

8 ноември 2013 - 15:23