Петолетката на Марвел

Пет сосема нови наслови и пет продолженија е составот на третата фаза на Марвел, која треба да се развива во следните 5 години. Вчера беа објавени сите датум и наслови од третата фаза.

На прес-конференцијата учествуваат претседателот на Марвел студиос, Кевин Фиџ, режисерот на Авенџерс, Џос Видон, и режисерот на Капетан Америка 2 и 3, браќата Антони и Џо Русо.

Распоредот на третата фаза на Марвел е следната:

2015-та
Воведувањето на Ант-Мен во филмскиот свет е закажано на 17-ти јули 2015-та.

2016-та
Премиерата на Капетан Америка: Граѓанска војна е на 6-ти мај 2016-та, а првиот филм за Доктор Стрејнџ е одложен за 4-ти ноември 2016-та.

2017-та
Чувари на Галаксијата 2, е мрднат понапред за 5-ти мај 2017-та, од оригиналниот јули 2017-та. По него на ред е следниот филм за Тор, Тор 3: Рангарок закажан за 28-ми јули 2017-та. Првиот нов лик на Марвел во 2017-та ќе биде Црниот Пантер, чија премиера е на 3-ти ноември.

2018-та
За 6-ти јули 2018-та најавена е и премиерата на Капетан Марвел, што ќе биде првиот филм на Марвел со главен женски лик. До сега шпекулациите беа дека оваа чест треба да ја има Црната вдовица (ликот на Скарлет Јохансон). За 2-ри ноември 2018-та закажана е и премиерата на филмот за Нелуѓе (The Inhumans), кои се сличен збир на супер-херои како Авенџерс и Фантастичната четворка.

Авенџерс: Бескрајната војна, прв и втор дел
Премиерата на првиот е закажан за 4-ти мај 2018-та, а на вториот за мај 2019-та. Со ова завршува третата фаза.

--------------------

Идејата на Марвел за фази се појави кога студиото сфати дека има непредвидено добри резултати од првите филмови.

Првиот бран се состоеше од: Ајрон Мен, Неверојатниот Хулк, Ајрон мен 2, Тор и Капетан Америка: Првиот осветник. Оваа фаза завршува во 2012-та со премиерата на првиот дел од Авенџерс (кој заработи над 1 милијарда долари).

Втората (актуелна) фаза на Марвел треба да кулминира на 1-ви мај со премиерата на Авенџерс: Ерата на Ултрон. Останатите филмови што ги гледавме во втората фаза се: Ајрон мен 3, Тор: Мрачниот свет, Капетан Америка: Зимскиот војник и Чувари на галаксијата.

По фази, првата на Марвел му донесе заработувачка од 3,8 милијарди долари, а втората 3,3 милијарди долари (со тоа што продолжението на Авенџерс допрва се чека).

Продолжениот прв трејлер на Авенџерс 2: Ерата на Ултрон

29 октомври 2014 - 11:34