Оскарите во сè останато

Вол Стрит Журнал прави поделба на Оскарите меѓу номинираните во категоријата за најдобар филм, во категории кои никаде никој не ги ни споменал.

- Најмногу удрени тупаници - Брдмен (11 удари)
- Најмногу "Fuck" - Ритамот на лудилото (91 fuck)
- Најмногу голотија - Брдмен / Гранд Хотел Будимпешта (7 голи или речиси голи луѓе)
- Најмногу бакнежи - Момчештво (13 бакнежи)
- Најмногу телевизори - Американски снајпер (7 телевизори)
- Најмногу експлозии - Игра на имитирање (26 експлозии)
- Најмногу снег или дожд - Гранд Хотел Будимпешта (39 сцени)
- Најмногу трчање - Гранд Хотел Будимпешта (19 сцени)
- Најмногу јадење - Момчештво (19 сцени)
- Најмногу пиење - Момчештво (17 сцени)
- Најмногу музика - Ритамот на лудилото (28 сцени)
- Најмногу солзи - Американски снајпер (12 плачачи)
- Најмногу смрт - Американски снајпер (49 мртви)
- Најголем временски период - Гранд Хотел Будимпешта (79 години)
- Најмногу телефони - Американски снајпер (9 сцени)
- Најмногу спорт и игри - Момчештво (15 сцени)
- Најмногу вода - Теоријата за се' / Момчештво (6 сцени)
- Најмногу огнено оружје - Американски снајпер (36 сцени)
- Најмногу насмевки - Момчештво (29 насмевки)
- Најмногу авиони, возови или автомобили - Гранд Хотел Будимпешта (19 сцени)
- Најмногу дерење - Ритамот на лудилото (62 крици)
- Најмногу цигари - Игра на имитација (20 цигари)
- Најмногу пари заработени по кино сала - Американски снајпер (64.078 долари по кино сала)
- Најмногу глумци - Селма (107 глумци)
- Најголема екипа - Гранд Хотел Будимпешта (624 членови)
- Најмногу продуценти - Ритамот на лудилото (14 продуценти)
- Најмногу каскадери - Американски снајпер (57 каскадери)
- Најмногу претходни номинации за Оскар - Гранд Хотел Будимпешта (16 номинации)
- Најмногу локации за снимање - Американски снајпер (9 локации)
- Најдолга одјава - Игра на имитација (5:16 минути)
- Најдобар резултат од критика - Селма (99 на Ротен Томато)
- Најмногу гостувања на ноќни програми - Гранд Хотел Будимпешта / Теоријата за се' (6 гостувања)

Одлично составената статија од Вол Стрит Журнал тука

18 февруари 2015 - 11:00