Филм од 100 милиони долари оди во фиока затоа што не може да се спаси

Ворнер брос неочекувано соопшти дека 100 милионскиот филм „Бетгирл“ никогаш нема да биде објавен и покрај тоа што снимањето е веќе завршено а материјалот се монтира.

Филмот добива зелено светло за снимање во 2021 и им е предаден на режисерите на Мис Марвел, Адил Ел Арби и Билал Фалах. Главната улога во филмот ја има Лесли Грејс која ја глуми Барбара Гордон, засилена со имиња како Мајкл Китон, кој требаше за филмот да го репризира својот легендарен лик на Бетмен, ЈК Симонс како комесарот Гордон и Брендон Фрејзер кој е главниот негативец.

Според Холивуд репортер една од причините е што цехот за снимање на филмот достигнал речиси 90 милиони долари (Њујорк пост пишува за 100 милиони долари), заради тоа што бил сниман во време на ковид, па на Ворнер брос му е поевтино да го откаже, отколку да продолжи да го финансира.

„Иако буџетот е понизок од оној на просечен суперхеројски филм на ДЦ, наводно одлучено е дека во него го нема ’спектаклот што публиката се навикнала да го очекува од ДЦ филмовите’ и дека нема да ја надомести загубата ако биде објавен,“ пренесува Холивуд репортер.

Њујорк пост освен што пишува дека се во прашање 100 милиони долари, тврди дека филмот толку лошо минал на раните тест проекции, што Ворнер брос решиле од сега да си ги скратат трошоците.

Наводно, откажувањето на филмот ќе му овозможи на студиото да добие даночно олеснување, што е најдобриот начин за надоместување на дел од парите.

По спојувањето на Ворнер брос и Дискавери, ЦЕО-то на новата компанија Давид Заслав е многу лесен на кратење содржина, па до сега се откажани неколку серии, стриминг сервисот од 300 милиони долари Си-ен-ен Плус и снимањето на филмот од ДЦ Комикс „Вондер твинс“.

5 август 2022 - 10:31