Бонд го уби синот на Ем?

Една година по премиерата на Скајфол професорот Стивен Картер (професор по право на Јеил) решава дека сега, без да му го расипе филмот на кого било, може да ја објасни својата теорија дека главниот негативец, Силва, е всушност син на Ем (Џуди Денч).

Клучниот доказ на професорот е дека пораката што Силва и ја испраќа на Ем пред експлозијата на седиштето на МИ6 содржи анаграм. Оригиналната порака е "THINK ON YOUR SINS," од која Картер го изведува анаграмот "YOUR SON ISNT IN HK."

Во филмот, дури по експлозијата МИ6 воопшто помислува на Силва и го пушта Бонд да го открие. Освен ова, кога Силва зборува со Бонд тој Ем во неколку наврати ја нарекува "mommy."

Теоријата на Картер е следната:

"Зошто сценаристите би се мачеле да и кажат на публиката дека Силва е уапсен во Хонг Конг и дека се уште сметаат дека е таму во затвор, наместо да кажат дека е префрлен во Кина, како што и би се случило со британски шпион? Второ, зошто непријателството на Силва кон Ем беше толку интимно и полно со моменти на ужасен јад? И трето, зошто откако се заколна на одмазда - и го потроши цел филм барајќи одмазда - тој на самиот климакс од филмот не можеше да ја убие нејзе?

Одеднаш сето ова има смисла. Силва, за кој се веруваше дека е во Хонгконг, беше син на М - може посвоен, ама несомнено нејзин син. (Зошто посвоен? Затоа што поинаку не би можеле да го разбереме коментарот на Ем до Бонд, во кој кажува дека сираците се најдобри регрути. Да, Бонд беше сираче, ама жалниот и занесен поглед на Ем додека ги кажуваше зборовите, ни кажува дека таа мисли на некој друг)," објаснува професорот.

12 ноември 2013 - 20:59