Нови правила на игра

Samsung Galaxy Note Edge

Новиот миленик од Samsung, Galaxy Note Edge, ексклузивно достапен во салоните на Vip. Запознајте го светскиот предводник во врвниот изглед и супериорните карактеристики, кој ги предизвика досегашните правила во дизајнот на смарт-телефони и ги промени правилата на нивната употреба.

Револуција во дизајнот со Edge Screen
Благодарение на својот иновативен дизајн, Samsung Galaxy Note Edge им овозможува на корисниците нов начин за пристап до информациите. Уникатниот заоблен раб на екранот овозможува брз пристап до често користените апликации и функционалности на уредот, со само еднo движење на прстот.

 

Означи лесно со опцијата Smart Select
Со помош на S pen лесно ќе направите селекција на одредена содржина, без оглед на тоа дали станува збор за текст, екран или за апликација. Целата Ваша селекција можете да ја ставите на едно место, да ја зачувајте или, пак, веднаш да ја споделите.

 

Фаќај забелешки со Photo Note
Photo Note е одличен начин да ги зачувате Вашите мисли или, пак, да креирате уникатни фотографии, бидејќи со Photo Note записот може веднаш да го конвертирате од аналоген во дигитален и да правите дополнителни промени, на белешки или бои, со помош на S pen.


Експлозија на бои

5.6" Quad HD + Super AMOLED екран
Високиот контраст на 5.6" Quad HD + Super AMOLED екранот ќе Ви овозможат да ги доживеете живописните бои, исто како да ги гледате со голо око. Квалитетот на екранот е збогатен за лесен преглед на содржини, целосно оптимизиран за прелистување веб-страници како и за електронско читање.

(комерцијален текст)

 

30 јануари 2015 - 17:01