Нетфликс е апликацијата што направи најмногу пари во 2017, а да не е игрица

Титулата е во збирна конкуренција, од пари направени во Ап стор на Епл и на Гугл плеј заедно. Нетфликс апликацијата за годинава има раст од 138% и од претплати има собрани околу 510 милиони долари.

Најголемиот дел од растот на Нетфликс се должи на нови претплатници од меѓународниот пазар, кои најчесто се приклучуваат на сервисот преку својот смартфон и плаќаат преку апликација. Бројките што ги бележи Нетфликс, повторно заради меѓународни претплатници, се поголеми отколку нивните очекувања за годинава.

Сумата од 510 милиони долари е само пари собрани преку апликација, а не вкупниот приход на Нетфликс за 2017.

Во категорија најсимнувани апликации за 2017 во двата оперативни системи, првите четири позиции ги држат апликации на Фејсбук. На прво место е Вотсап (што Фејсбук го купи пред некое време), на второ е Месинџер (системот за приватни пораки на Фејсбук), на трето е Фејсбук апликацијата, а на четврто е Инстаграм (исто така една од компаниите купени од Фејсбук). Првата не-Фејсбук апликација на листата е Снапчат на 5-то место.

Кај игриците, најголем приход трета година по ред има Монстер страјк, по неа се Онор оф кингс и Гранд ордер. 5 години старата Кенди краш се најде на 5-то место зад Клаш ројал.

15 јануари 2018 - 10:50