Нема веќе Флеш за Андроид

Од 15 август, Адоуб Флеш комплетно ќе биде повлечен како апликација за Андроид, повеќе нема да има никакви апдејти на него и воопшто нема да биде вклучен на новите Андроид уреди.

Со напуштањето на Андроид и проблемите со Епл уредите, Адоуб е изолиран од 85% од пазарот на мобилни телефони. На ова треба да се додаде дека и Микрософт најави само делумна поддршка за Флеш на Виндоус 8.

Плановите на Адоуб за промоција на Флеш за мобилни заглавија на две места. Прво, тие никогаш немаа шанса да се покажат на телефонот на Стив Џобс, а таму кај што имаа шанса (на Андроид) сериозно потрфрлија.

По ова, стратегијата на Адоуб за развој на Флеш е посветување на видео игрите и "премиум видео."
-----
Адоуб 2007:
со Флеш минавме пречка во приближувањето на декстоп искуството до мобилните телефони и во трансформација на безжичната индустрија.
Адоуб 2010: Адоуб, Гугл и други членови на Open Screen проектот работат заедно за да осигураат полно веб искуство кое може да биде испорачано на што е можно поголем број на уреди.
Адоуб 2011: ХТМЛ5 е најдоброто решение за создавање и испорака на содржини на браусери на различни мобилни платформи.

15 август 2012 - 12:45