Училишната година е сосема прекината во градот Хуаиан, каде што е фабриката на Фокскон, за учениците да можат да помогнат во изработката на телефонот што Епл треба да го промовира на 12-ти септември.
Шангај Дејли објави изјави не неколку ученици кои се жалат дека властите ги прекинале предавањата и со автобуси ги однеле во Фокскон за да работат на новиот Ајфон.
"MengniuIQ84 напиша (на Веибо) дека властите наредиле училиштата да испратат ученици да му помогнат на Фокскон во работата, но притоа фабриката ниту ги известила родителите ниту потпишала договор со учениците," пишува Шангај Дејли.
Кинезите во ниту еден момент не ги отфрлаат обвинувањата дека деца им работат во фабриката, туку само објаснуваат дека секој таму е по своја слободна волја и ако не сака може да си замине. Плус, тие се повикуваат на извештајот од Асоцијацијата за фер работа, во кој се тврди дека ниту еден приправник во фабриката не бил присилен да учествува.