Како ја хакираа индустријата на виски

Вискито има само еден проблем во освојувањето на светот, фактот дека неговиот вкус доаѓа по долготрајно одморање во дабови буриња. Но, има проекти кои ветуваат дека шмекот на дрвото ќе го вбризгаат во течноста за многу кратко време.

Ако прашате кој било голем производител на виски кој поединечно е нивниот најголем проблем денес, сите недвосмислено ќе ви одговарорат дека е тоа недостатокот на резерви. Вискито е најдоходовната од сите ракии на светота само љубовта и инаетот на Русите сè уште не дозволува тоа да биде број еден и во испиен волумен.

А волуменот тешко се постигнува со оглед на тоа што неговиот препознатлив вкус се постигнува со лежење во дабови буриња а тоа е процес кој знае да трае со години.

Еден канадски потомок на винари од италијанско потекло планира сето тоа да забраза и да го вбризга вкусот на зрело виски во многу кратко време.

Кикстартер проектот на Џоел Паљоне се темели на односот на дабовата површина и волуменот на течноста која тој треба да ја облагороди. Тој правел сè помали и помали буриња за на крај да сфати дека најдобар сад за вискито е  - шишето. Според него токму шишето има оптимален однос на интеракција меѓу површината и течноста кој дозволува стареењето на вискито значајно да се забрза.

И Паљоне сега прави дабови шишиња за виски, изработени од едно парче дрво.

Не дека тој нема конкуренција која се обидува да го реши истот проблем. Некои вбрзигувањето на шмекот на дрвото во вискито го прават со стаклени шишиња со дрвена подлога, а некои со тн дабови чипсови или дабови спирали, сите со иста намера, забрзано да го зреат напитокот.

18 јануари 2016 - 10:07