Илузиите на зелената агенда

На повидок нема разумно решение за складирање на струјата добиена од сонце и ветер, но упорно се негува надеж дека такво чудо сепак ќе се случи. Како од авион да скокнеш без падобран, надевајќи се дека додека паѓаш, падобранот ќе биде измислен, ќе ти биде доставен и ќе успееш да го отвориш пред да треснеш на земја.

85% од светската енергија моментално доаѓа од фосилни горива. Многу западни влади се имаат обврзано во скора иднина да воспостават нулта емисија („нет зеро“) на јаглерод диоксид; Америка и Британија веруваат дека ќе успеат во тоа до 2050 година. Тоа значи напуштање на традиционалните електрани и потпирање на соларни и ветерни паркови.

Тие планови, како што предупредува Брајан Лејланд, британски стручњак со 60 годишно искуство во енергетската индустрија, имаат една фатална мана: се потпираат на уверувањето дека (ќе) постои достапен начин на складирање на вишокот струја.

Производството на струја во ветро парковите често паѓа и под 10 посто од прогласениот капацитет. Соларното производство комплетно исчезнува ноќе и 50% во облачни денови. Земјите со традиционални електрани им ги позајмуваат своите вишоци на земјите кои се потпираат на алтернативните и се создава впечаток дека овие системи се сосема функционални, а во стварноста тоа е позајмена и скапа струја.

За обвновливите извори постои едно решение: да се направат огромни акумулатори за чување на енергијата.

На Калифорнија би ѝ требале над 200 мегават часови во акумулатори за секој инсталиран мегават во соларни и ветерни извори. На Германија околу 150 мегавати.

Актуелната цена на акумулација во акумулатори е околу 600.000 долари по мегават-час. Тоа значи дека за секој калифорниски мегават-час би требало да се издвојат 120 милиони долари за чување во акумулатори.

„Струјата добиена од ветар чини околу 1,5 милиони долари по мегават-час а цената на чување во акумулатори би била астрономска: 80 пати поголема отколку што чини ветро-турбината,“ пишува Синиша Љепојевиќ.

И клучно: толкав број акумулатори едноставно не постојат. Нема толку литиум, кобалт и други ретки метали на пазарот. И да ги има, цените би биле астрономски.

Британскиот стручњак вели дека ако не се случи некое чудо, на повидок нема решение за прифатливо складирање. Денешното верување дека такво чудо ќе се случи е слично на ситуација да скокнеш од авион без падобран, со надеж дека додека паѓаш, падобранот ќе биде измислен, ќе ти биде доставен и ќе успееш да го отвориш пред да треснеш.

Ветерот и сонцето треба да имаат комплетна поддршка но фамозниот „нет зеро“ никогаш нема да биде постигнат, заклучува тој.

18 јуни 2023 - 09:49