Илон Маск бара „судија“ за вештачка интелигенција

На средбата на врвот на Силициумската долина со врвот на американските власти едвај било договорено дека е неопходно регулирање на ВИ, но не и колку и како истото треба да биде изведено.

Од страна на технолошката индустрија на средбата присуствуваат некои си дваесетина луѓе и сите на прашањето дали владата треба да има улога во регулирање на ВИ потврдно кренале рака.

„Клучната поента е дека за сите нас е важно да имаме судија. Ова беше цивилизирана дискусија меѓу некои од најпаметните луѓе на светот,“ изјавил Маск за време на паузата.

Средбата е организирана од првиот човек на Претставничкиот дом на Конгресот, Мајк Шумер, а на нејзе освен Маск, присуствуваат и Закерберг, Гејтс и Сундар Пичаи.

Американскиот Конгрес и до сега не се прослави баш многу во регулирање на нови технологии, а Шумер признава дека регулирањето на ВИ ќе биде едно од најтешките прашања што Конгресот некогаш ќе го решава.

Американските власти се свесни дека нема назад со ВИ, а главниот проблем сега е како да го овозможат развивањето на ВИ „во позитивен правец“, а да се изолираат сите  нус-појави кои потенцијално би биле штетни за САД и светот.

18 септември 2023 - 11:59