Хуавеи и Шаоми ќе работат заедно

Двата најголеми кинески брендови на мобилни телефони одлучија да ги прекинат сите спорови што ги имаат околу меѓусебното користење на патентите, и да си дозволат еден на друг слободно да ги користат патентите што им се потребни како би се пробиле во сегментот на премиум телефони.

Компаниите на глобално ниво си дадоа дозвола за користење на повеќе комуникациски технологии, вклучително и 5Г.

Претходно Хуавеи, кој е сопственик на најголем број 5Г патенти на глобално нив, имаше судски спор со Шаоми за прекршување на патенти околу „долгорочната еволуција на 4Г стандардот, смартфон фотографија и методи за заклучување на екранот.“

Процената е дека двете компании се фокусирани на борба за соборување на Ајфон, кој и понатаму е најпродаван телефон во Кина.

Хуавеи има над 120.000 лиценцирани патенти, од кои минатата година има заработено 560 милиони долари. Минатата година Хуавеи потпиша слични договори за лиценцирање со Оппо, Самсунг и Нокиа, а годинава и со Ериксон.

19 септември 2023 - 12:33