Да нè не им стигаат Кинези?

Кина се пофали дека има план да почне да произведува напредни хуманоидни роботи во рок до 2 години кои ќе можат да го изменат светот и сето тоа да се одвива со индустриски обем.

Планот е на тамошното министерство за индустрија и информациска технологија и тој предвидува поддршка на нови компании фокусирани на ова поле, поставување индустриски стандарди, развивање на талент за истиот и зголемена меѓународна соработка.

Од министерството објаснуваат дека во претстојниот период им е неопходен напредок во технологии како контрола на движење, интеракција машина со човек и свесност за околината, плус бара дополнително истражување во вештачка интелигенција за роботи и развој на „вешти“ роботски раце, нозе и стапала.

Амбицијата е масовното производство да почне до 2025, а до 2027 роботите да почнат да размислуваат, учат и иновираат. Во меѓувреме властите преземаат обврска за воспоставување на силен синџир за снабдување кој може да ја поддржи оваа индустрија.

По објавувањето на документот акциите на неколку кинески компании за роботика пораснаа за максимално дозволените 10% за еден ден.

9 ноември 2023 - 14:22