ЦИСКО физички уништил сè што имал во Русија пред да си оди

Кога дошло ред да ја напушта Русија заради воведените масовни меѓународни санкции, ЦИСКО распарчил сè што имал во земјата. Сè, од залихи до канцелариски материјал.

Целата залиха на резервни делови и опрема што ги имал на руска територија, ЦИСКО ги уништил пред да ја напушти државата. Залихата се проценува на некои си 23 милиони долари.

Како деловите така и сите возила, канцелариска опрема, мебел и демо примероци што ЦИСКО ги имал во Русија биле уништени.

Руската агенција ТАСС ова го објаснува со законот за данок во Русија според кој фирмата добива даночни олеснувања (државата и враќа пари) за целата опрема што ја имаат која е амортизирана.

На крајот од 2022 ЦИСКО има само 5 вработени во Русија кои треба да ги испеглаат сите прашања околу данокот. На крајот од 2021, компанијата директно вработуваше 60 лица.

6 април 2023 - 11:52