Трамп знае како да се закани

Поранешниот, а можно и иден претседател на САД, изјави дека отворено би ја „поттикнувал“ Русија да ги напаѓа членките на НАТО кои не ги плаќаат сметките кон северно-атлантската алијанса.

За време на митинг Јужна Каролина, Трамп раскажал како во својот прв мандат им се заканувал на лидери на други држави што доцнеле или биле кратки во уплатите за НАТО дека ќе ги поттикнува агресорите да прават што сакаат.

Наводно, лидер на „голема држава“ презентирал хипотетичка ситуација во која тој не ги исполнува финансиските обврски кон НАТО и е нападнат од Москва. Лидерот го прашал Трамп дали во такво сценарио ќе добие поддршка од САД?

„Му реков: 'Не плати?... Не, нема да те заштитам, всушност ќе ги поттикнам да ти прават што сакаат. Мора да платиш,“ изјавил Трамп.

Трамп уште пред својот прв мандат го критикуваше НАТО дека е огромен финансиски товар за САД да ја гарантира одбраната на 30 други држави. Главниот проблем на Трамп е што одредени големи европски членки на Алијансата не ги трошат ветените 2% од својот буџет на одбрана, како што е договорот во НАТО.

12 февруари 2024 - 13:24