Терористот од нашиот документарец

Еден од терористите кои го изведоа последниот напад во Лондон во кој загинаа 7 лица а 50-тина беа повредени го имало во лански документарец на британскиот Канал 4 со наслов „Џихадистот од нашето маало“. И покрај тоа, службите процениле дека тој не претставува безбедносен ризик.    

27 годишниот Курам Бат се појавува во контроверзниот документарец покрај двајца озлогласени исламистички проповедници како во паркот Риџент демократски изведуваат свој ритуал под црното знаме на џихадот.

Документарецот кој бил работен две години со куп тајни снимања предизвика лавина реакции кај јавноста но е и кај надлежните служби кои процениле дека Курам и другарите не претставуваат реален ризик па не биле ставени во програмата за присмотра.

Пред две години планирал да замине за Сирија но семејството го пишманило бидејќи жена му останала бремена па веројатно затоа деновиве затоа го извел планот Б, облечен во дрес од Арсенал со уште двајца соборци да потепаат колку можат повеќе жители на Лондон.

Еден од главните ликови во документарецот е извесен Мохамед Шамсудин кој предупредува дека шеријатот доаѓа во Велика Британија и дека црното знаме ќе се вее на Даунинг стрит. Групата била под влијание на Омар Бакри кого го викаат Ајатолахот од Тотенхем кој во моментов се наоѓа во затвор во Либан заради тероризам.

Документарниот филм „Џихадистот од нашиот сокак“, во траење од 46 минути:

 

6 јуни 2017 - 09:26