Тачер за еврото: Не, не и не!

Настрана оценките за вкупните дострели на нејзините политики, огромен број Британци денеска жалат што не ги послушаа пророчките зборови на Маргарет Тачер која уште во 1990-та година предвиде дека е тоа ужасна идеја.

Евроинтеграција, заедничка валута, откажување во британската фунта, предавање на монетарниот суверенитет на Брисел?

Одговорот на премиеркaта Маргарет Тачер на овие историски предизвици гласеше: Не, не и не!

Во нејзиниот прочуен пецкав говор во Долниот дом на британскиот парламент во кој директно ја обвини лабуристичката опозиција за еконосмско предавство, таа ќе рече:

"Веројатно Лабуристите ќе се согласат на заедничка валута и напуштање на домашната валута. Затоа што се комплетни незнајковци за монетарни прашања ќе бидат одушевени да ја предадат целата одговорност на европската централна банка, како што го направија тоа со ММФ. Со оглед на фактот што Лабуристите немаат никакво познавање од парите и економијата - господата со задоволство сето тоа ќе го предадат. Што е поентата да избираме наш Парламент само за да се откажеме од националната валута и да ѝ ја предадеме власта на Европа?"

-----
Едно друго обраќање на Тачер, во врска со новото лого на Либералите - птица.

9 април 2013 - 09:23