Кинеските власти открија дека високите нивоа на смог во најголемите градови комплетно ги онеспособуваат владините камери за надзор. Бидејќи ова ја загрозува националната безбедност, владата ангажираше два тима на научници за да најдат решение. Меѓутоа една од причините заради која се уште се без резултати е што си немаат работа со магла, како што кинеските медиуми го класификуваат загадувањето.
"Најголемиот дел од студиите во другите држави се на тема магла. Во Кина мнозинството сметаат дека со маглата и со смогот може да се справиш на ист начин. Нашите првични истражувања покажуваат дека во однос на оптичките карактеристики честичките смог се сериозно поразлични од капките вода што ги има во маглата," објаснува дигиталниот експерт на еден од тимовите, Јанг Аипин.
Според неа, инфрацрвените камери, кои обично можат да продрат низ магла, па дури и чад, не можат да гледаат низ честичките во кинескиот воздух.
Нервозата на властите е уште поголема затоа што во јануари годинава, тие инсталираа околу 20 милиони камери за надзор низ улиците, парковите, па дури и во лифтовите во земјата. Решението најверојатно нема да биде намалување на загадувањето, туку создавање на нови алгоритами и математички модели кои ќе го подобрат работењето на камерите за надзор.