Скопје како Паоло

Следниот пат кога ќе се буните за гужва во сообраќај, помислете на Сао Паоло, градот каде редиците во сообраќајот во просек се по 180 километри.

За сообраќајните инженери на Сао Паоло, најлош момент да возите автомобил е петок навечер, кога во вонредни услови сообраќајните гужви знаат да бидат и по 295 километри.

Најголемиот бразилски град, со 11 милиони жители, има и радио станица посветена исклучиво на пренесување на состојбата во сообраќајот во градот.

Од комбинацијата на лош сообраќај и неиздржлива гужва, меѓу жителите на Сао Паоло еволуираше и нов вид на "патници" кои автомобилите ги заменија со хеликоптер (изнајмен или личен).

Според сопственикот на Helimart Air Taxi, неговата компанија бележи раст од 10% годишно а ретко кога некој од неговите 16 хеликоптери и приземјен на подолго време.

26 септември 2012 - 11:19