Швајцарија, скоро па слободно

Тенко, најтенко, Швајцарците на референдум сепак порачаа дека сакаат да воведат лимити на бројот на дојденците во нивната земја. Владата ќе има доста работи да му објаснува на Брисел.

50,3 проценти од гласовите на референдумот отидоа за опцијата да се воведат квоти за имиграцијата во Швајцарија.

Тоа е земја во која две третини од 8-те милиони луѓе што живеат во неа се странци а само минатата година пристигнале 80.000 имигранти.

Ваквиот исход од референдумот практично го поништува договорот меѓу Швајцарија и ЕУ за слободен проток на луѓе. Земјата не е дел од Унијата но има прифатено добар дел од заедничката европска регулатива.

Европската комисија изрази жалење од резултатот и порача дека предлогот е во спротивност со принципите за слободно движење на луѓе меѓу ЕУ и Швајцарија.

Француските кантони главно биле против квотите, германските биле поделени додека италијанските кантони доминантно гласале за воведување рестрикции за имиграцијата во земјата.

9 февруари 2014 - 21:19