Швајцарија ќе плати за украинските бегалци да почнат да се пакуваат

Предложената стратегија на швајцарската влада предвидува временска рамка во која украинските бегалци треба да си заминат од земјата, и како што стојат работите тоа е максимум девет месеца од сега.

Заштитата што ја имаат украинските бегалци, С статусот, важи за период од две до три години од почетокот на војната, што би значело до 2024 или 2025. Процените на Швајцарците се дека по истекувањето на С статусот околу 70.000 Украинци би се вратиле дома, од кои 80% би го направиле тоа доброволно, затоа што се работи за разделени семејства во кои мажите останале во Украина. Останатите 14.000 луѓе најверојатно ќе останат и по крајниот рок во зависност од траењето на војната и разрушеноста на Украина.

Процената е дека колку подолго се во Швајцарија, толку е помалку веројатно дека ќе сакаат да се вратат дома на сопствена волја. Ако тие успеат да спојат 5 години во Швајцарија тогаш би можеле да стекнат Свис Б дозвола за престој која им е валидна уште пет години.

„Извештајот затоа заклучува дека треба да се направи сè што е можно за да се поттикне доброволно заминување. Времето на заминување не треба да биде ни кратко, за да се дозволи логистичкото планирање за нивното враќање, ни премногу долго, за луѓето да не се охрабрат да го одложат.

Па затоа овој план предлага рамка од шест до девет месеци,“ пишува Свисинфо.

Враќањето треба да биде спроведено независно и по копно, а присилен авионски превоз би бил последен чекор. Специјалните случаи кои бараат посебна поддршка, како околу 1.000 малолетници без придружба или околу 1.600 лица над 75 години, не треба да бидат приоретизирани.

Швајцарците предвидуваат и финансиски стимул за сите што ќе си заминат кој ќе се намалува со тек на време. Скалата е од 4.000 до 1.000 (4.355 до 1.090 долари) по човек во зависност кој колку брзо реши да си замине.

6 октомври 2023 - 10:51