Таг: швајцарија

Голчиште на Шаќири и два гола за една минута во финишот

Швајцарија и Белорусија го одиграа најефикасниот и највозбудливиот меч во квалификациите кој заврши 3:3. Швајцарците поведоа во првиот дел со атрактивниот гол на Шаќири, но во вториот дел имаат блекаут и за 23 минути примија три комада. Но на крајот по кој знае кој пат покажаа дека ги краси упорност и со голови во 89-та и 90-та минута стигнаа до важен бод во групата, каде се втори без пораз.

Швајцарија ќе плати за украинските бегалци да почнат да се пакуваат

Предложената стратегија на швајцарската влада предвидува временска рамка во која украинските бегалци треба да си заминат од земјата, и како што стојат работите тоа е максимум девет месеца од сега.

„Тука ѓубрето е спакувано како да е свадбен дар“ - патеписите од Швајцарија на Десанка Максимовиќ

Во Народната библиотека во Србија е отворена изложба по повод 125 години од раѓањето (16 мај 1898) на поетесата чии стихови од „Крвава бајка“ ги памтат оние кои се образуваа во поранешна Југославија. Истовремено, се навршуваат и три децении од нејзината смрт, на возраст од 95 години. На своето последно патување била во Швајцарија, од каде донела и репортажи кои до сега беа малку познати.

Швајцарија, одвратно

Во Швајцарија преку училиштата се работи на кампања за убедување на децата да јадат помалку чоколадо, а повеќе инсекти или барем производи од инсекти, пример крекери од скакулци.

Уличниот чистач кој напиша книга за убавината среде ѓубрето

Се вика Мишел Симоне и до сега не бил познат надвор од својот роден Фрибург во Швајцарија. Локалците го знаат по веселото пеење додека го собира отпадот од улиците и по розата закачена на неговата количка за чистење. Откако на Инстаграм беше постирано видео од него кое стана вирално, се дозна дека тој е и писател.

Инфлацијата не ѝ може ништо на Швајцарија

Додека бројни земји ширум светот се мачат да ја стават под контрола растечката инфлација и порастот на цените, Швајцарија се чини мазно управува со кормилото на својата економија. За тоа говорат низа параметри според кои земјата се снаоѓа далеку подобро од сите други. Зошто?

Швајцарија ќе забрани возење електрични возила

Ако на Швајцарија зимава почнува да и снемува струја и почне да воведува рестрикции, државата, меѓу другото, ќе го забрани користењето на електрични возила за натаму-наваму.

Србија се радува, Каземиро со мајсторски удар ја реши швајцарската одбрана

Селекцијата на Швајцарија 83 минути се држеше против силниот состав на Бразил, кој слави минимална победа и пласман во осминафинале, благодарение на прекрасниот потег на Каземиро.

Камерунец од Швајцарија со еден гол му пресуди на Камерун

Швајцарија со 1:0 го совлада Камерун во последниот ден од првото коло на Мундијалот во Катар. Стрелецот на голот изгледаше како да е пишман што мораше токму него да му се падне да ја реши.

Дрводелско училиште, ама во Швајцарија

Ник Шифер е сопственик на американскиот НС Билдерс и е дрводелец мајстор, титула која во САД се добива по школо, не по визит карта. Шифер е во Швајцарија каде посетува едно дрводелско средно училиште. Некаде пред средина на турата низ училиштето веќе му дојде да ја скине дипломата што ја има.

Оган и пламен и швајцарски супермаркети

Градот е Интерлакен, кој не е ни приближен со цени како пеколните Женева и Цирих, маркетот е Мигрос. А таму: малините се 366 денари 250 грама, хумусот 220 денари мало пакетче, 150 грама миена марула e 140 денари, и не нешто посебно скапо авокадо од околу 100 денари парче. Кога ќе излезат од пиљарата ги чекаат цени како 667 денари за пиле од 1,3 кг.

Швајцарија се пресрами и увезе руско злато

За прв пат од почетокот на војната повеќе од три тони руско злато и биле испорачани на Швајцарија, што се толкува како сигнал дека на индустријата и пројдоа првичните праведнички дилеми околу руските скапоцени метали.

Кредит Свис и моралниот банкрот на швајцарските тајни

Секој еден пат кога новинарите ќе го кренат плаштот на таинственост на финансискиот сектор, се открива мрежа на корупција и злонамерни активности, и секогаш неспоредливо побројни се сомнителни клиенти и семејства на диктатори, зачинето со неколкумина навидум почитувани политичари.

Во Швајцарија со мерак се оди и во затвор

Швајцарските власти објавија оглас за волонтери што би сакале да тестираат еден нов затвор што се отвора во Цирих. Претходно искуство не било предуслов на огласот.

Парола на денот од италијански навивач

Италијанската фудбалска репрезентација очигледно уште е под импресии од освоеното злато и шампионски пехар на Европско првенство летово, па не победија на два меча по ред во квалификации за Светско 2022 и тоа против Бугарија дома само 1:1 и со Швајцарија на гости 0:0. Ама во Базел еден навивач извади јака парола.

16 од 26 фудбалери на Швајцарија се од семејства на имигранти, како се однесува земјата кон тоа прашање?

Во понеделникот голема сензација направи Швајцарија која до 81’ минута губеше 1-3 од Франција но за само десет минути израмни преку Сеферовиќ и Гаврановиќ, потомци на босански имигранти кои го однесоа мечот во продолженија.

Швајцарецот што плачеше па се радуваше, добил бесплатно летување и авионски карти

Вечерта на 28 јуни на Националната Арена во Букурешт, Франција и Швајцарија одиграа спектакуларен меч со 6 гола, продолженија и бурни пенали. На крајот сензационално славеше аутсајдерот чии навивачи беа во делириум.

Што нè чека до крајот на Европското?

Иако постоеше сомнеж како ќе изгледа замислата на УЕФА континенталното првенство да се игра во 12 града, се испостави дека таквиот ризик се исплател и гледаме фантастично Европско првенство.

Сите човекови емоции во 1 минута од мечот Франција - Швајцарија

Неверојатниот кам-бек на Швајцарија против светскиот шампион Франција направи и Швајцарците на трибините да поминуваат низ права емотивна вртелешка. Од солзи и плачење до солзи радосници во само 1 минута.

Швајцарскиот коментатор полуде на пеналите

По спектаклот Хрватска - Шпанија кој заврши со дури 8 гола никој не очекуваше дека ќе гледаме уште полуд натпревар во Букурешт каде се сретнаа Швајцарија и Франција. Имаа „триколорите“ убедлива предност после пресвртот, ама Швајцарија се врати на луд начин и на пенали славеше.