Што се знае за браќата Царнаев?

Полицијата го застрела 26-годишниот Тамерлан Царнаев еден од двајцата осомничени за бомбашкиот напад во Бостон. Вториот осомничен е неговиот брат Џохар. (+ изјава од вујкото)

Џохар Царнаев

Асошиејтед Прес и ЕнБиСи ја пренесоа веста дека полицијата ги идентификувала бомбашите, како браќата Царнаев. Иако непотврдено се верува дека двајцата се Чеченци со потекло од Турција.

Постариот од двајцата браќа 26-годишниот Тамерлан е роден во Турција, и на 5 години пристига во САД, додека Џохар се раѓа во САД. Тие тука завршуваат училиште и ги имаат сите документи, од дозвола за престој до возачка дозвола.

Џохар завршува средно во Кембриџ, во Cambridge Rindge and Latin School каде добива и стипендија. Во училиштето аматерски се занимавал со борење.

Неговиот брат Тамерлан тренирал бокс и аматерски се натпреварувал на повеќе турнири. Посветен е на Исламот, ги почитува неговите правила, и не пуши и не пие.

Тие живеат на иста адреса со 45-годишната Зубеидат Царнева, за која се претпоставува дека им е мајка. Жената минатата година била уапсена за кражба во продавница.

Тамерлан Царнаев

Изјава од вујкото на Џохар и Тамерлан