Северна Кореја знае како се почнува 'рчка

Целосно намерно и планирано, Северна Кореја ја крена во воздух заедничката канцеларија за врски со Јужна Кореја, која се наоѓа во близина на пограничниот град Каесонг.

Потегот следува само неколку часа откако Северот ги обнови воените закани против Југот.

Канцеларијата која целосно се наоѓа на територијата на Северот беше отворена во 2018 и требаше да помогне двете Кореи да комуницираат. Нејзиното отворање беше договорено на разговорите меѓу лидерите на Северот и Југот.

Заради дистанцирањето по пандемијата на ковид-19, канцеларијата е празна уште од јануари.

Тензиите меѓу двете држави со недели ескалираат откако група севернокорејци пребегани на југот почнаа да испраќаат пропаганда во својата татковина.

На границата меѓу двете држави стандардно има по околу 1 милион војници.

16 јуни 2020 - 09:44