Сега е ред на Русија да уништува подводни цевки?

Веќе нема причина зошто Москва да не удри по западната подводна комуникациска инфраструктура откако се откри дека Западот бил соучесник во уништувањето на подводните цевки од гасоводите Северен тек, порачува Медведев.

„Ако продолжиме по докажаното соучество на западните држави во уништување на Северен тек, тогаш немаме пречки, па дури ни морални, кои не спречуваат да ги уништиме кабелските комуникации на нашите непријатели кои се наоѓаат на океанското дно,“ напишал поранешниот руски претседател, Дмитри Медведев.

Подводните океански кабли се клучните артерии на комплетните глобални комуникации, со кои се поврзуваат континентите низ светот.

Откако новинарот Сајмон Херш објави истрага според која зад уништувањето на Северен тек стојат Соединетите држави, неколку американски медиуми периодов објавија документи според кои ЦИА неколку месеци однапред знаела за детален украински план за уништување на гасоводот кој ја спојува Русија со Германија, а со тоа и остатокот од Европа.

Кремљ деновиве го повтори својот став дека тоа што е направено на Северен тек „можело да биде изведено само од државни специјални сили“ и дека „само држава или група држави можат да бидат зад терористичкиот напад.“

16 јуни 2023 - 10:57