САД имаат нуклеарен носач на авиони со над 100 заразени морнари со ковид-19

Капетанот на нуклеарниот носач на авиони УСС Теодор Рузвелт во очајнички апел побара од американската морнарица да му испрати медицинска опрема која ќе дозволи третман на над 100-те заразени морнари и нивна изолација за да се избегне ширење на болеста на целата посада. На бродот во моментов има 4.000 лица.

Пред околу една недела бродот се закотви на островот Гуам, откако меѓу екипажот беше откриен првиот случај на ковид-19.

„Ова ќе бара политичко решение, но тоа е правилната работа што треба да се направи.

Ние не сме во војна.

Морнарите не мора да умрат.

Ако не реагираме веднаш, тоа ќе значи дека не се грижиме како што треба за она што ни е највредно - нашите морнари,“ напишал капетанот Брет Кроизер, во писмото на четири страни испратено до американската морнарица.

Тој објаснува дека заради структурата на самиот брод тие не можат да ги заштитат останатите морнари, а ширењето на болеста „е во тек и забрзува“.

Капетан Кроизер бара „соодветни соби за карантин“ на брегот во Гуам за целиот негов персонал „колку е можно поскоро“.

„Отстранување на најголемиот дел од персоналот од американски нуклеарен носач на авиони и нивно изолирање на 2 недели, може да изгледа како вонредна мерка... меѓутоа ова е неопходниот ризик.

Држење на над 4.000 млади мажи и жени на носачот на авиони е непотребен ризик и ја нарушува довербата на морнарите кои се доверени на наша грижа,“ пишува капетан Кроизер.

Од морнарицата пишуваат дека се согласуваат со тоа што го пишува и бара капетанот, објаснувајќи дека главниот проблем е што 160-илајдниот Гуам нема доволен капацитет на кревети и сместување за да ја опслужи популацијата на бродот, па моментално морнарицата преговара за обезбедување на неопходните услови.

Колкав е бродот штом може да собере 4.000 морнари? Процените се дека откако ќе се испразни УСС Теодор Рузвелт, на екипа од 350 лица ќе и бидат потребни пет до десет денови за да го исчисти и дезинфицира бродот. Освен персоналот, на носачот има 90 авиони и хеликоптери.