Руски симфониски оркестар одржа концерт во Палмира

Под водство на диригентот Валери Гергиев симфонискиот оркестар на Марински театарот од Санкт Петерсбург, имаше концерт сред Римскиот театар во неодамна ослободената Палмира. Концертот беше посветен на херојски загинатиот руски специјалец Александр Прокоренко.

Концертот именуван "Со молитва од Палмира: Музиката ги оживува античките ѕидини", започна во 17 часот по московско време. Дел од официјалната делегација беше и челистот Сергеи Ролдугин, кој минатиот месец беше главниот лик во Панама документите. Ролдугин изведе дел од опера на рускиот композитор Родион Шчедрин. Според Гардијан присуството на Ролдугин е најсилен показател дека тој се уште ја има поддршката од официјална Москва.

Публиката вклучуваше сириски и руски војници, а во настапот живо вклучување од Сочи имаше и Путин, кој ја поздрави операцијата за ослободување на Палмира. Меѓу официјалните делегација имаше претставници на Русија, Зимбабве, Кина и Србија. Целиот концерт беше пренесуван од руските телевизиски канали.

Гергиев кој моментално е уметнички директор на театарот претходно беше главен кондуктор на Лондонскиот симфониски оркерстар и Минхенскиот симфониски оркестар. Инаку човек важи за еден од "омилените кондуктори на Кремљ".

За време на окупацијата од ИСИС, Римскиот театар беше локацијата на која тинејџери регрутирани од ИСИС од блиску со истрел во глава егзекутираа заробени сириски војници. Нивните тела подоцна беа откриени во масовна гробница.

5 мај 2016 - 19:26