Полска меѓу „не“ и „никогаш“ на тема прием на нелегални мигранти

Запрашан како тоа Полска има примено над 2 милиони главно украински мигранти, а не сака да прими ниту муслиман, пратеникот и член на полската владејачка партија, го корегира водителот дека според меѓународен закон има правна разлика меѓу мигранти, бегалци и нелегални мигранти. Украинците биле мигранти, до Полска нема ни една земја во војна за да има бегалци а нелегалните мигранти ни под разно нема да влезат.

Доминик Тарчински во интервју за турската телевизија ТРТ пред неколку години објаснува дека по закон мигрант е лице кое поднело документи до полската влада, неговите документи се разгледани и одлучено е дека тој е потребен член на полското општество и може да влезе во земјата. За разлика од нив според меѓународни закони бегалци се лица кои бегаат до првата безбедна држава. Надвор од овие две групи, се нелегални мигранти кои ниту се присилени да избегаат, ниту имаат дозвола да влезат во некоја земја.

Тоа што го зборува Тарчински пред неколку години од тогаш не е ни за сантиметар помрднато, ниту под притисок на ЕУ за најразлични распределувања на бегалците низ Унијата, ниту под притисок од Лукашенко кој почна да увезува муслимански бегалци за да им прави проблеми на соседите членки на Унијата.

Најново на темата е дека во Полска во последна фаза е планот за инвестирање на 350 милиони евра за изградба на ѕид на границата со Белорусија. Решителноста со која полската влада работи да спречи и еден единствен нелегален мигрант да стапне во земјата, останува и покрај тоа што таа во најголем број случаи е само транзит рута кон Германија.

Земјата уште во август почна со поставување ограда со бодликава жица кон Белорусија. Ѕидот ќе биде само надополнување на ова.

Во меѓувреме планот на Лукашенко вистински функционира на терен, па со месеци полските и белоруските граничари си ги префрлаат бегалците од една на друга страна на границата. Од јануари до септември полските граничари спречиле 9.287 обиди за влез во земјата на нелегални мигранти.

Една мини-компилација на Тарчински и „нула нелегални муслимански мигранти“:

15 октомври 2021 - 12:03