Пишманот на Бајден

За време на говор во колеџ во Њујорк, поранешниот американски претседател им се отвора на студентите дека сепак му е жал што не се кандидирал за претседател на САД, порачувајќи „можев да победам“.

Од перцепцијата на заменикот на Обама, борбата во партискиот избор со Хилари Клинтон и Берни Сандерс би била тешка, меѓутоа тој очекува неговото досегашно резиме да му помогне во победата. Пред да биде 8 години потпретседател на САД, Бајден истера неколку мандати како сенатор.

Иако беше во игра, Бајден одлучи да не се кандидира откако неговиот син почина од рак на мозокот.

„Планирав да се кандидирам за претседател, и иако ќе имаше тешки партиски избори, мислам дека можев да победам.

Бев прилично уверен дека ако јас бев избран за демократски кандидат, ќе имав добра шанса да станам претседател. Дали жалам за тоа што не сум претседател? Да. Јас бев најквалификуван“, изјавил Бајден.

27 март 2017 - 09:54