Освоена "земјата на кракот"

Во подготовките за Олимпијадата, 2.000 полицајци на Рио го затворија најголемиот пазар на дроги во градот. Само на таа локација, приведени се 230 зависници.

Пред затворањето на пазарот, во неделата претходеше акција за освојување на една од фавелите (популација 70.000 жители) која долго време беше под власт на нарко картелите.

Веднаш по акцијата, полицијата и социјалните работници почнаа да ги собираат зависниците од "cracolandia" (земја на кракот) кои одеднаш останаа без дрога.

По полицијата, во акцијата се вклучи и локалното комунално претпријатие, кое од фавелата изнесе над 220 тони ѓубре, а беа заменети и над 300 улични светилки.

15 ноември 2012 - 11:17