Таг: рио де женеиро

Во Бразил пукотници и истрели пред стадион, играчите избегаа

Во бразилското младинско првенство Кариока У-20, мечот меѓу Сера Макаенсе и Карапебус на стадионот „Клаудио Моасир де Азеведо“ бил прекинат во 74’ минута откако надвор од стадионот се слушнале опасни рафални истрели и имало престрелка. Во еден момент бегаат сите, па дури и голманот на Карапебус на кого во тој момент му пружаа медицинска помош поради повреда.

Маркетингот на дилерите од Рио

Кокаинот таму оди во пакетчиња со олимписки кругови и прописно предупредување да не се користи во близина на деца. Профи.

Горчеливо реми против Норвешка, сонот Рио уште е жив

11-те голови на Лазаров, фантастичната игра и предноста од 5 голови не беа доволни македонските ракометари да ја совладаат Норвешка. На крајот конечни 31-31 пред последниот дуел против Белорусија.

Рио 2016-та, Олимпијада во канализација

Следната година учесниците на Летна Олимпијада во Рио ќе пливаат и веслаат во води кои се толку загадени со човечки измет што постои ризик да станат сериозно болни и да не се способни да се натпреваруваат на игрите, е заклучокот на истрагата на Асошиејтед прес.

Нарко банда отсече глава на бразилски фудбалер

Хорор приказна од Бразил, земјата домаќин на следното Светско првенство. Поранешниот фудбалер Жоао Родриго бил брутално убиен, а отсечената глава била испорачана на неговата сопруга.

Како да претвориш урбана дистопија во олимписки стадион

На 22-ри март полицијата на Рио се судри со демонстрантите пред стадионот Маракана, кои претходно добија известување од Владата дека нивните домови ќе бидат претворени во паркинг. Ова е само дел од немирите поврзани со преуредувањето на градот за Мундијалот и Олимпијадата.

Како изгледа смирувањето на фавелите во Рио

Додека останатите служби работат на градење на Рио Де Жанеиро, полицијата работи во неколку смени на смирување на нарко-картелите и расчистување на фавелите од криминал.

Освоена "земјата на кракот"

Во подготовките за Олимпијадата, 2.000 полицајци на Рио го затворија најголемиот пазар на дроги во градот. Само на таа локација, приведени се 230 зависници.

Дилери против крак

Не мора да и верувате на полиција, не мора да им верувате на невладини организации, ама кога дилери на дрога ќе ти кажат дека кракот е лоша дрога, може има нешто во целата работа.