Како да претвориш урбана дистопија во олимписки стадион

На 22-ри март полицијата на Рио се судри со демонстрантите пред стадионот Маракана, кои претходно добија известување од Владата дека нивните домови ќе бидат претворени во паркинг. Ова е само дел од немирите поврзани со преуредувањето на градот за Мундијалот и Олимпијадата.

Во подготовките на Рио за двата настана се превидува уништување на 3.000 (од најсиромашните) домови во градот, иако се очекува бројката на крај да биде многу поголема. Во истиот процес за Олимпијадата во Пекинг 2008-ма, беа иселени над 1,5 милиони лица.

Според активистите на Националната координација на народните комитети за Светското првенство (ANCOP), најголемиот дел од иселените се сиромашни малцинства, а крајната бројка би можела да изнесува 170.000 луѓе.

"'Обично иселените (за немирите пред Маракана) се присилени да ги напуштат своите домови и имаат еден месец да најдат нов дом. Меѓутоа парите што тие ги добиваат не се доволни да купат нов дом ниту во истиот регион. Тие едноставно ќе го обележат вашиот дом, ќе ви дадат некое време да се иселите и ќе го уништат,' објаснуваат од ANCOP."

Паралелно со иселувањето, во фавелите од 2008-ма година е почната акцијата за распоредување на Полициските единици за смирување (UPP). Нивната поента е воспоставување на постојано полициско присуство во најопасните фавели во градот. До сега ова е еден од најуспешните проекти.

Истражувањата од минатата година покажаа дека UPP го намалиле насилниот криминал за 78% во соседствата во кои патролирале. Сега главниот проблем е што UPP нема доволно членови за да патролира во сите 600 фавели на Рио. До сега единиците се распоредени во околу 30 фавели, претежно во оние кои граничат со богати населби.

30 мај 2013 - 21:57