Народ кој секогаш гласа за нов Устав

На дводневниот референдум во Египет, огромно мнозинство го поддржа новиот устав на земјата. Со тоа убедливо го срушија актуелниот устав кој претходно го изгласаа, со огромно мнозинство.  

Новиот устав на Египет доби поддршка од преку 95 проценти од гласачите. Експертите велат дека тоа воопшто не е сомнително бидејќи луѓето секогаш ентузијастички гласаат за секој нов устав, надевајќи се дека тоа ќе им ги подобри животите. 

Со сличен ентузијазам беше изгласан и уставот кој сега се поништи, од времето кога со земјата управуваше Мохамед Морси и Муслиманското братство.

"Политичките симпатии во Египет се менуваат со неверојатна брзина. Луѓето постојано трагаат по некој кој ќе им обезбеди храна и пристоен живот. Во сегашниот социо-економски модел, не верувам дека кој било може тоа да им го оствари," вели познавач на состојбите од еден руски институт за аналитика.

Во моментов, сите надежи се свртени кон Абдул Фатах Ал Сиси кој ужива огромна популарност во земјата, речиси целосно брендирана со негови постери. Но, аналитичарите се сомневаат дека војската е расположена за битни промени. 

"Ним им е добро, ја контролираат цела земја, цел буџет, зошто би менувале било што?," вели Сергеј Дамиденко.

А Сиси има добри изгледи да остане на врвот бидејќи освен поддршката од народот, добро стои и со САД и Саудиска Арабија. А новиот устав штотуку му ги даде сите овластувања кои претходно беа во рацете на сега омразениот Морси.

16 јануари 2014 - 17:30