Меркел или Ши ќе го носат мирот во Украина?

Војната во Украина е трагедија и „дефинитивно е нешто што требаше да биде избегнато“ порачува поранешниот советник за надворешни работи на Думата, Андреј Кортунов.

Кортунов во интервју за Би-би-си изјавува дека ќе биде екстремно тешко да се постигне мировен договор, и дека за тоа да се случи на Путин ќе му треба нешто за да прогласи:

„Тој не може да прогласи пораз затоа што тоа ќе биде премногу ризично за него.“

Од друга страна Кортунов смета дека тоа би било ризично за Западот бидејќи истото ќе се смета за угодување.

Процената на актуелниот директор на Рускиот совет за меѓународни работи, е дека за таа работа би требало да се ангажираат или поранешната канцеларка на Германија, Ангела Меркел, или кинескиот претседател Ши.

„Мислам дека тоа треба да биде глас од надвор, човек што претседателот Путин го почитува, на кого му верува. Човек што би можел да покаже некаква емпатија а во исто време да побара од него промена во пристапот,“ изјавил Кортунов за Би-би-си.