Македонија во мејловите на Хилари

Стејт Департманот објави во јавност 5 комплети со мејлови на Хилари Клинтон од времето кога беше државен секретар на САД (2009-2013). Чат-пат и Македонија се спомнува меѓу нив.

Македонија како термин ја има во 32 мејлови, меѓу кои најчесто како дел од некакви листи, списоци, извештаи или процедурално споменување што Клинтон ги добивала како државен секретар.

Намалување на присуството на УСАИД
- 29. октомври 2012-та
Од Шерил Милс,шеф на кабинетот на Хилари (препратен меил)

Во мејлот Роберт Голдберг ја брифира Милс за информацијата што ја добил околу плановите "на УСАИД да стане поселективен и пофокусиран околу располагањето со своите ресурси." Тој продолжува да објаснува дека на краток рок ова ќе значи намалување или укинување на некои од мисиите, а на долг рок УСАИД ќе предложи намалување или елиминирање во работата на најразлични сектори и држави базирани на конкретни критериуми.

Делот во кој што се спомнува Македонија е набројувањето на државите во кои ќе бидат применети овие промени:

"Во Европа / Евроазија
- Албанија и Македонија ќе имаат промена од целосна мисија во канцеларија."

Понатаму тој надополнува дека земјите во кои ќе биде намалено присуството на УСАИД, ќе добијат поддршка од регионалните бироа.

http://graphics.wsj.com/hillary-clinton-email-documents/pdfs/C05798133…


Рикер, Грција и Македонија
- 8. март 2012-та
Од Шерил Милс,шеф на кабинетот на Хилари (препратен меил)

Во мејлот, Карен Трамонтано и честита на Милс за тоа што е избрана да говори на настанот на Дејли Бист во Њујорк. Притоа честитајќи и за успехот што го имала во Бугарија. Трамонтано се надоврзува на муабетот пишувајќи за својата средба со Филип Рикер:

"На истава тема - се сретнав со заменик државниот секретар Фил Рикер кој едноставно сјаеше додека го објаснуваше личниот ангажман на Секретарот Клинтон во решавањето на рамковните проблеми меѓу Србија и Косово минатата недела. Околу еден час минав со Фил обидувајќи се да најдеме начин да го решиме проблемот со името меѓу Македонија и Грција за Македонија да може да влезе во НАТО -- Како и да е, тоа е друга приказна -- само сакам да кажам колку сум горда на Секретарот, на секој состанок што го имам во Стејт Департманот сите професионалци со гордост зборуваат за нејзе..."

http://graphics.wsj.com/hillary-clinton-email-documents/pdfs/C05789227…


Известување за смртта на Киро Глигоров
- 2. јануари 2012-та
Од Абеди Хума, асистентка на Хилари (препратен меил)

Меил со веста од Асошиејтед прес, за смртта на Киро Глигоров.

http://graphics.wsj.com/hillary-clinton-email-documents/pdfs/C05787480…

Барање за Хилари
- 3. март 2011-та
Од Џејкоб Саливен (препратен меил)

Специјалната пратеничка за анти-семитизам Хана Розентал, бара од Хилари да сними видео порака за отворањето на Музејот на холокаустот во Скопје.

http://graphics.wsj.com/hillary-clinton-email-documents/pdfs/C05779375…


Разговор со непознат соговорник (веројатно Папандреу, кој на 6. октомври 2009 станува грчки премиер)
- 2. ноември 2009-та
Од Хилари Клинтон до Филип Гордон и Џејмс Стајнберг

"Џим и Филм

Се слушнав со човекот и разговаравме за проблемот со името со Македонија, Кипар и односите со Турција. Има меморандум од разговорот кој покажува дека тој изјавил посветеност за решавање или унапредување на статусот на овие прашања.

Го знам долго време и со задоволство повторно ќе се слушнам со него за ова или за кое било прашање со ваша консултација. Тој изгледа како да е решен да собира поени за да има добар старт па би требало да ја интензивираме работата со него..."

http://graphics.wsj.com/hillary-clinton-email-documents/pdfs/C05765082…

Ако ви се проверуваат уште мејлови, тука

16 февруари 2016 - 10:56