Една е мајка

Кралицата ќе ги плати милионите за одбраната на принцот Ендру

Бидејќи вториот син на кралицата Елизабета нема никакви видливи приходи, а во исто време има сериозни обвинувања дека е педофил, британското кралско семејство почувствувало дека е неопходна финансиска интервенција.

Наводно кралицата се согласила да ја плати одбраната на својот син по неговото катастрофално интервју за Њузнајт, во кој зборуваше за своето пријателство со Џефри Епстин.

Конкретното обвинение против принцот Ендру доаѓа од Вирџинија Гуфре, која трврди дека принцот сексуално ја злоупотребувал кога таа имала 17 години. Ова се случило во домот на соработничката не Епстин, Гислејн Максвел во Лондон.

На Ендру неодамна му беше врачена судска покана, а тој претходно почна да го шири својот адвокатски тим и во Њујорк. Главен адвокат во случајот му е Ендру Бретлер, кој наводно наплаќа по 2.000 долари на час.

Ендру има и домашен тим задолжен британското судство.

Парите за сето ова ќе бидат покриени од приходите од Војводството во Ланкастер кое е во приватна сопственост на кралицата. Приохдите на овој имот минатата година пораснаа за 1,5 милиони фунти и достигнаа 23 милиони фунти.

За приходите на принцот Ендру не се знае ништо бидејќи се успешно скриени со најразлични финансиски механизми. Заради ова никој немаше поим како тој во 2014 успеа да купи луксузна куќа на швајцарските Алпи по цена од 13 милиони фунти.

5 октомври 2021 - 10:20