Колкумина би протестирале кога Франција би почнала да одзема државјанства?

Седум од 10 анкетирани Французи се согласни да им се одземе француското државјанство на сите оние со двојно државјанство што учествуваа во немирите во земјата по убиството на алжирскиот тинејџер.

Иако поддршката била најмала кај младите, сепак анкетата спроведена од француската Цњуз, покажала согласност со идејата низ сите генерации. Најмногу наклонетост кон укинувањето на државјанството имале конзервативците и десничарите, со 91% од испитаниците. Тоа што изненадило била поддршката од 56% од лицата со либерална и левичарско убедување.

Единствена група која мнозински била против ова се симпатизери на крајно левичарската Непокорена Франција на Жан Лук Меланшон и француската Зелена партија, со 55 односно 52 проценти.

Во последните немири од крајот на јуни годинава во Франција беа запалени над 1.000 објекти, 5.600 возила беа уништени а над 3.300 луѓе се уапсени. Во анкета на Фигаро, речиси 60% од испитаниците одговориле дека немирите се последица на неуспесите на француската миграциска политика.

18 јули 2023 - 12:49